Новости

Економија

Измени во законот: Алхохол ќе се продава после 19 часот, лиценците остануваат

Министерството за економија подготвува предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија. Измените се во функција на укинување на ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало, како и уредување на условите за вршење на трговија со необработени дијаманти.

„Наведените ограничувања го намалија бројот на продажни места преку кои производителите на вино и пиво во земјата го вршеа својот пласман (ова особено во руралните средини) без јасно да се постигне целта за намалена консумација на алкохол кај малолетниците.

Единствено што се постигна се ограничи односно се намали бројот на трговци на мало кои одлучија да продолжат да продаваат алкохолни пијалоци во рамки на пропишаното време во законот за трговија. Ваквата состојба ја намали продажбата на алкохолни пијалоци, особено продажбата на вино и пиво во земјата“, се вели во образложението. Во него се додава дека целта на предлог-законот е укинување на ограничувањата во кои беа воведени во 2008 година, а кои се однесуваат на ограничувањето на времето на продажба на алкохолни пијалоци во трговијата на мало.

„Основните решенија на предлог законот предвидуваат продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, без ограничување на времето за продажба и без посебни услови за истите“, пишува во образложението.

emagazin.mk

GOLD
To Top