Новости

Економија

Coca-Cola ќе произведе прв алкохолен пијалок

Компанијата Coca-Cola за првпат по 125 години од своето постоење ќе започне со производство на алкохолен пијалак. Одлуката за лансирање на нов производ од страна на бренд менаџментот беше наречена историска.

Спонзорирано од СН ФИНАНСИИ

Новиот производ ќе биде пред се наменет за јапонскиот пазар. Coca-Cola планира да добие удел во сегментот на „Chūhai“  – пијалаци со овошни вкусови кои содржат 3-8% алкохол.

Таквите пијалоци потсетуваат на јаболковина. Во исто време, пазарот на пијалаци „Chūhai“ покажува годишна стапка на раст од 5-25% од 2013 година, па досега. Факт е дека производителите на газирани безалкохолни пијалоци во последниве години се соочуваат со пад на продажбата во светот, бидејќи луѓето се помалку конзумираат пијалаци кои содржат шеќер.

 

 

Извор: usb.com

 

 

 

 

Извор: usb.mk

GOLD
To Top