Новости

Економија

Како обложувалниците придонесуваат за економијата во општеството?

Зборувавме за обложувалниците и забавата која тие ја нудат, покрај спортското обложување. Меѓутоа, голем дел од населението покрај тоа што ги користи услугите на спортските обложувалници, не е многи запознато на кој начин функционираат тие. Врз основа на податоците колку вработувања и инвестиции има во овој сектор, може да се каже дека тие во голема мера придонесуваат за економијата во општеството.

Според податоците до кои дојдовме, бројката на вработени во спортските обложувалници во Македонијане не е мала. Регистрирани се повеќе од 550 објекти, а минатата година во нив биле вработени околу 3000 лица со просечна плата од 20.000 денари. Тоа значи дека  месечно се издвојуваат 60.000.000 денари, додека на годишно ниво сумата изнесува 720.000.000 денари за плати на вработените во спортските обложувалници во Македонија.

„Може да се каже дека има многу вработени во обложувалниците. Ова нормално има големо влијание во намалување на стапката на невработеноста и полнење на буџетот на државата. Во овој дел спаѓа и надоградбата на сите вработени, што вклучува развој на стручни лица, професионална обука, користење специјализирани програми, вработување од ИТ секторот, програмери, букмејкери, маркетинг сектор, менаџери и слично. И тоа е од големо значење за населението и работничкиот кадар во државата“, велат од обложувалниците.

Во оваа област е потребна голема посветеност, затоа што има и соодветна одговорност, треба да се исполнуваат одредени услови, закони и слично. Според нив, за да се отвори една обложувалница, потребна е лиценца за која се плаќа одреден износ, а исто така потребна е и банкарска гаранција. Лиценцата се добива за три години. Професионалноста мора да биде на високо ниво, а инвестирањето е нераскинлив дел од целиот процес.

Се прават напори да се инвестира во нешто што ќе биде по сите стандарди, квалитетно и пред се, инвестиција која ќе ги исполни очекувањата на посетителите на обложувалниците, ќе се исполнат сите законски услови и критериуми, но секако и очекувањата на самиот субјект. Само како пример, за опремување на една обложувалница се потребни околу 1.200.000 денари.

Кога би се пресметало колку е инвестирано само во недвижнини, земајќи ја предвид бројката од повеќе од  550 уплатни места, се добива вртоглава сума на инвестиции во недвижнини ( според проценките месечно се трошат околу 97 милиони денари, што би значело над милијарда и 150 милиони денари годишно) како и други трошоци, вклучувајќи ја опремата во нив и даноците кои и се исплаќаат на државата.

Evrotip
Евротип
To Top