Новости

Економија

Kia го промени името на Ceed

Корејската компанија „Kia“ ја покажа првата скица од новата генерација на хечбекот „Ceed“. Третата генерација на популарниот модел ќе биде достапна во неколку различни модификации, добива ново име, како и нови мотори и технологии.

Досега, автомобилот е познат како „cee’d“, но отсега ќе се нарекува „Ceed“. Компанијата вели дека ова не е само избрано име, туку кратенка од значење: „Community of Europe, with European Design“.

Новиот „Ceed“ ќе се произведува во фабриката „Kia“ во Словачка, при што компанијата ветува нови мотори и технологии. Европскиот центар за дизајн на брендот, кој се наоѓа во Франкфурт, беше вклучен во развојот на моделот.

Познато е дека новата генерација на моделот ќе биде презентирана на саемот во Женева во март. Таму, покрај хечбекот, „Kia“ ќе покаже и друга верзија на автомобилот. Каква ќе биде таа, засега е тајна. Според неофицијални податоци, новиот „Ceed“ ќе биде достапен како лифтбек, заменувајќи го постојниот хечбек со 3 врати „pro_cee’d“, како и караванот. Се очекува и крос-верзија.

Извор: denar.mk

Студирајте на БАС
To Top