Новости

Економија

Животното осигурување е згрижување на најблиските – интервју со Хелена Цветкоска, одговорно лице за животно осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола

Иако животното осигурување се поврзува со инвестиционите фондови, сепак сметам дека таквиот концепт треба да претставува дисциплина и еден вид начин на штедење, вели Хелена Цветкоска, одговорно лице за животно осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола. Разговаравме со неа за плановите на СН Осигурителен Брокер токму во областа на животното осигурување, како и проширувањето на тимот кој ќе работи во оваа област.

Шеталиште: Најнапред, кажи ми нешто за тебе.

Хелена Цветкоска: Јас сум Хелена Цветкоска од Скопје. Имам 26 години, а во областа на осигурувањето сум речиси 6 години. Моето практично искуство придонесе за успешно завршен магистерски труд на темата “Зголемување на ефективноста на осигурителните компании преку промотивни стратегии“ и негово имплементирање на пазарот. Кога би требало да се опишам, би можела да кажам дека сум позитивна личност и сaкам исто таква позитивна, динамична работна атмосфера. Поседувам одлични организациски вештини и особено внимание обрнувам на деталите. Оваа професија ја работам затоа што навистина ја сакам и се гледам и во иднина во овој сектор. Баш од оваа причина можам да кажам дека за мене клиентите не се само клиенти, тие се мои пријатели и пошироко семејство.

Шеталиште: Во која насока се движи твојата кариера? Зошто токму во СН Осигурителен брокер?

Хелена Цветкоска: Влегувам во СН Осигурителен брокер како дел од менаџментот и го водам секторот за животно осигурување. Осигурувањето е навистина широка материја која треба да се разработува. Како што кажав на почетокот, имам искуство веќе 6 години и во почетокот мојата работа беше главно во директната продажба. Во текот на моето работење се стекнав со лиценца за осигурителен брокер. Посетував многу обуки кои придонесоа за моето знаење да биде на повисок степен со што паралелно добив проширување на обврските како обучување на нови луѓе, одржување предавања. Покрај тоа, успешно водев тим и бев лидер во различни деловни средини. СН Осигурителен брокер е една од најбрзо растечките компании во Македонија на пазарот на осигурувањето. Начинот на работа, нивниот систем, односот со клиентите и вработените придонесе да не можам да ја одбијам одличната понуда за соработка со нив. Шеталиште: Каде се гледаш за 5 години отсега ?

Хелена Цветкоска: Ова е навистина е тешко прашање за мене. По природа сум доста амбициозна личност што значи СН Осигурителен брокер ќе има навистина голем тим за работа. Сакам да се надградувам постојано и вложувам многу во себе. Со СН Осигурителен брокер започнав успешна соработка на нивната 3-та конференција одржана од страна на раководството и се надевам дека истата ќе продолжи не само 5 години туку и многу повеќе.

Шеталиште: Кои се плановите на СН Осигурителен брокер за животно осигурување ?

Хелена Цветкоска: Иако животното осигурување се поврзува со инвестиционите фондови, сепак сметам дека таквиот концепт треба да претставува дисциплина и еден вид начин на штедење. Позитивната страна и во двата случаи е дека ги згрижуваме своите најблиски. Јас како одговорно лице за секторот за животно осигурување гарантирам на квалитет, брзина и посветеност кон сите наши клиенти. На клиентите им нудиме доверба и искреност. Успешноста на СН Осигурителен брокер говори за тоа дека сме професионалци во работата, детално информирани и во тек со сите новини на пазарот се со цел да ги дадеме најдобрите производи и најквалитетната услуга. Шеталиште: Што мислиш дека е најважно според тебе за да се има успех во оваа работа ? Што би им препорачала на новите потенцијални вработени во СН Осигурителен брокер кои би биле дел од твојот тим?

Хелена Цветкоска: Пред се потребно е тим од луѓе кои сакаат да работат, кои сакаат предизвици и нови работи. За успешен тим потребни се храбри, самоиницијативни луѓе кои ‚‚гледаат надвор од кутијата”. Да се работи во областа на осигурувањето не е толку едноставно. За жал, многумина ја потценуваат оваа работа иако не треба да е така. Меѓудругото, осигурувањето е една од најплатените професии во светот. Ние како компанија сега нудиме нови вработувања, а за мене важно е новите кандидати да се позитивни, истрајни и да веруваат во себе. Сите заинтересирани би ги охрабрила да ја испратат својата кратка биографија – CV на  helena.cvetkoska@snbroker.mk и да чекаат да бидат исконтактирани. Ве очекувам заедно да го продолжиме успешното работење и да го зголемиме бројот на задоволни клиенти низ цела Македонија!  

СН Финансии
To Top