Новости

Македонија

ВИДЕО: Инцидент во Собранието – Избегната физичка пресметка помеѓу Груевски и Талат Џафери

Кога на дневен ред дојде точката за Законот за употреба на јазиците, пратеници се собраа на говорницата и почнаа да се караат со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Најжесток од сите беше екс премиерот Никола Груевски, кој истури вода на масата кај Џафери и му го исклучи микрофонот. За малку ќе дојдеше до физичка пресметка, по што беше дадена пауза од 15 минути.

Откако Талат Џафери ја прекина собраниската седница, по спротиставувањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предводени од поранешниот лидер на партијата Никола Груевски, дојде до минимален физички контакт меѓу Џафери и Груевски.

Во тие моменти интервенираа припадници на собраниското обезбедување, кои спречија да дојде до посериозен иницидент.

– Ова е поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ – прокоментира Џафери, непосредно пред да дојде до контактот.

Извор: Фокус

Evrotip
Евротип
To Top