Новости

Македонија

Воздухот екстремно загаден низ целата држава

Воздухот во Македонија беше загаден и во изминатите 24 часа, а граѓаните по социјалните мрежи реагираат на последните мерења и бараат одговор зошто не се преземаат мерки против труењето.

Во главниот град загадувањето е на високо ниво во изминативе 24 часа, а најголемо загадувањето беше синоќа, кога во Лисиче беа измерени 610 микрограми на метар кубен ПМ10 честички. Кај Ректорат загаденоста со ПМ10 честички беше 501 микрограми на метар кубен, во Карпош достигна до 385, Центар до 299, Гази Баба 314, Миладиновци 170.

Загадено беше и во другите градови низ Македонија, па така во Тетово беа измерени 294 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, во Битола 229, Кичево 257, Струмица 485, Куманово 251, Кавадарци 263, Кочани 121.

Загадено е и утрово, а во 10 часот беа измерени 215 микрограма на метар кубен ПМ10 честички во Лисиче, 214 во Центар, 198 во Карпош, 196 кај Ректорат, 120 во Гази Баба, 90 во Миладиновци, 180 во Битола, 158 во Тетово, 187 во Струмица, 154 во Куманово, 94 во Кавадарци и 58 во Кочани.

Студирајте на БАС
To Top