Новости

Македонија

Груевски опоменат од судијката – ќе го казни ако уште еднаш го навреди судот

Судијката Добрила Кацарска, која го суди експретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за случајот “Тенк”, го опомена експремиерот Груевски дека го навредува судот.

Откако обвинителот Стевчо Донев го даде воведниот збор за случајот, Груевски на адвокатката Сања Алексиќ ѝ дофрли: “Ова е партиски суд”.

Судијката побара ова да влезе во записникот за судењето. На Груевски му рече дека е опоменат да не дофрла кога нема дадено збор и да не го навредува судот, зашто следниот пат ќе го казни.

И покрај обидите на одбраната да не почне главната расправа, судијката му даде збор на обвинителот на СЈО и судењето продолжи со воведните зборови.

Груевски претходно рече: „Денеска еднаш немам земено збор“, по што судијката го опомена да не го нарушува редот во судницата.

Макфакс

GOLD
To Top