Новости

Македонија

Димитров и Коѕијас во Виена на состанок со Нимиц

Министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Виена ќе ги продолжат преговорите за решавање на спорот со името меѓу Македонија и Грција, под посредништво на медијаторот Метју Нимиц.

Премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои неодамна имаа средба во Давос каде ги изнесоа позициите на двете страни во преговорите за името, се договорија за одредени отстапки со цел да му се даде поттик на процесот.

Заев минатата недела посочи дека Македонија прави се за да докаже дека нема никакви иредентистички побуди.

Сложено име за надворешна и внатрешна употреба што ќе важи за сите. Ова е ставот на грчкиот премиер Алексис Ципрас кој го изнесе по состанокот со пратеничката група на Сириза.

To Top