Новости

ЕВРОТИП Банер
Македонија

Еве каде наврна најмногу дожд во изминатите 24 часа

Максимални 49 литри на метар квадратен наврнале изминатите 24 часа во Гевгелија, а најмалку, пет литри, во Виница, соопшти УХМР.

Изминатото деноноќие наврнале и 31 литар на метар квадратен во Дојран, 26 во Крушево, 24 во Берово, 23 во Струмица, 22 во Демир Капија, 19 во Тополчани, 18 во Битола, 17 во Прилеп, 15 во Претор, 11 во Штип, осум во Крива Паланка, Куманово и Ѓуриште, девет во Охрид и пет литри во Виница, шест во Тетово, Пожаране, Скопје и Маврово.

До 8:30 часот, утрово пак, најстудено е во Маврово, Крушево и Тополчани, осум степени, додека највисока температура од 15 степени е измерена во Скопје – Зајчев Рид, Дојран, Струмица, Гевгелија и Демир Капија. Во Маврово, Крушево и Тополчани е осум степени, 9 во Лазарополе, 10 во Ѓуриште и Претор, 11 во Берово и Пожаране, 12 во Битола, Охрид, Прилеп и Крива Паланка, 13 во Тетово, 14 во Штип, Дебар, Куманово, Виница и Скопје Петровец.

Променливо облачно и свежо време ќе преовладува во Македонија. Претпладне во јужните делови се уште ќе има локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен и североисточен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а максималната од 19 до 26 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на места ќе го надмине 35-тиот степен, а УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.

Karmen
To Top