Новости

Македонија

Забрана за тешки товарни возила на Стража

Сообраќајот низ Македонија, поточно на сите државни патишта се одвива по влажни коловози и наместа има остатоци од кашест снег по коловозите.

Снег провејува на патните правци Берово – Смојмирово, Тетово – граничен премин Јажинце, Попова Шапка и на Буково, но не се задржува на коловозот. На планинскиот премин Стража има забрана за движење на тешки товарни возила.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

 

Evrotip
Евротип
To Top