Новости

Македонија

Магла на Ѓавато, врнежи од снег на Буково

Врнежи од снег има на Попова Шапка и Буково, a сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Ѓавато е намалена до 100 метри, соопштија од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму предупредуваат дека на патниот правец А2 Струга – г.п. Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до м.в. Добра Вода – с. Франгово (во должина од 3км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.

Evrotip
Евротип
To Top