Новости

Македонија

Мајка пријавила во полиција дека воспитувачката во градинка и го удрила детето

Thinkstock

Триесет и шест годишната Е.Г. од Скопје вчера пријавила во полициска станица во Ново Лисиче дека претходниот ден кога нејзиното дете го земала од градинка забележала дека на десниот образ има оток. Детето кажало дека неговата воспитувачка го удрила неколку пати по десниот образ. За настанот веднаш го известила директорот на градинката, кој и рекол случајот да го пријави во полиција. Е.Г. го однела синот во Здравствена установа, каде од страна на лекар и била издадена лекарска потврда за констатирани повреди во вид на оток во пределот на лицето, информираат од МВР.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Општина Аеродром со соопштение порача дека доколку се докаже дека има вина кај воспитувачката осомничена дека во понеделникот неколкупати удрила 6-годишно дете по образ, против неа ќе се спроведат санкции.

Од општината велат дека се во комуникација со директорот на градинката, кој пак чека известување од полицијата за случајот.

Како што претходно соопшти МВР, 36-годишна жена, кога завчера попладнето дошла да го земе синот од градинка, забележала дека има оток на десниот образ и го прашала од што му е, на што детето рекло дека неговата воспитувачка неколку пати го удрила по образот. Мајката потоа го информирала директорот на градинката кој и кажал да пријави в полиција. Жената од градинката го однела детето на лекарски преглед, со кој е утврдено дека детето има оток, а вчера попладне го пријавила случајот в полиција.

To Top