Новости

Македонија

Одобрена екстрадацијата на Грујевски и Бошковски

Советот на судии во Солун донесе одлука поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски да бидат екстрадирани во Македонија.

Веднаш по објавувањето на пресудата двајцата обвинети поднеле жалба против одлуката на судот, за случајот да го разгледа Врховниот суд во Атина.

Грујевски и Бошковски, се меѓу обвинетите од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“. Тие беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври лани, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.

 

To Top