Новости

Македонија

Од денеска директна авионска линија Доха-Скопје

Денеска стартува директната авионска линија Доха-Скопје, која ја воспостви авио компанијата „Катар Ервајз“.

Промоцијата на првиот директен лет Доха-Скопје денеска ќе биде промовиран со слетувањето на авионот на скопскиот аеродром.

Авио-компанијата нуди летови 4 пати во неделата, а ќе оперира со Ербас320, 12 седишта во бизнис класа и 132 седишта во економска класа. Линијата беше најавена минатата година, а резервациите започнаа од февруари оваа година.

Оваа авио-линија им се приклучува на нововоспоставените авио-линии кои беа промовирани во петокот, Малта, Рим и Ваксјо.

 

 

Karmen
To Top