Новости

Македонија

Пешак усмртен на патот Велес-Градско, возачот избегал

Триесет и тригодишен маж починал, откако бил удрен од автомобил на регионалниот пат Велес-Градско, а возачот избегал од местото на несреќата, соопшти МВР.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот кога непознато лице управувајќи патничко моторно возило непозната марка удрило во пешакот Д.В.(33) од село Аџиматово.

Д.В. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница Велес, каде починал.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

GOLD
GoldSlot
To Top