Новости

Македонија

Побрз надомест на штета при сообраќајка во Албанија

Македонија потпиша Спогодба за заштита на посетителите и со Албанија која на возачите, како и со другите земји од регионот, им овозможува побрз и поефикасен надомест на штета во случај на сообраќајна несреќа.

Спогодбата е потпишана меѓу националните бироа за осигурување на Република Македонија и Република Албанија од страна на директорот на македонското биро Трајче Латиновски и в.д. на албанското биро Кевин Леши.

Оваа спогодба се приклучува на веќе потпишаните со националните бироа на Грција, Турција, Швајцарија, БиХ, Црна Гора, Луксембург, Србија, Хрватска, Бугарија и Словенија.

Спогодбата предвидува општетеното лице, кое претрпело штета на територијата на другата држава по враќање во матичанта земја да се обрати во своето Национално биро за осигурување кое во соработка со Бирото во државата каде се случила сообраќајната несреќа. ќе овозможи побрзо собирање на документи и информации потребни за остварување на правата за надомест на штета.

Од Националното биро за осигурување на Македонија сметаат дека потпишаната Спогодба претставува гоелмо оеснувње на возачите од двете земјуи, бидејќи нема да мораат да ги нарушуваат или одлагаат своите деловни или туристички планови за да ја наплатата настанатата штета во случај на сообраќајна несреќа. Во иднина ќе можат правото на надомест да го остварат и по враќањето во матичната држава со помош на националните бироа.

Спогодбата за заштита на посетители, како што појаснуваат од македонското Национално биро, е така креирана да им пружи на државите надвор од ЕУ можност да обезбедат дополнителна заштита и помош на своите граѓани кои со моторни возила патуваат на територија на други држави. Спогодбата се потпира на најдобрите одредби од четвртата и петтата Директива за моторни возила на ЕУ, кои се познати по тоа што се во најгоелма мера посветени на заштита на трети општетени лица. Се смета дека овој механизам е најблизок модел кој постои за државите на ЕУ и дека потпишувњето на овој документ е добар начин државите кои се надвод од ЕУ да се подготват за пристап кон Унијата, во делот на прекуграничниот сообраќај на моторни возила.

To Top