Новости

Македонија

Потсетување на возачите за правилата кои често ги забораваат

Безбедно растојание, користење трепкачи, возење наназад, непрописно престигнување колона на возила, престигнување пред пешачки премин, прскање пешаци и велосипеди и технички неисправно возило.

Тоа, укажува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), се дел од сообраќајните правила и прописи кои многу често не се почитуваат од страна на возачите, а кои се особено важни за безбедноста во патниот сообраќај.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до возачите максимално да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не се впуштаат  во  нивно слободно толкување  и  „дозволено прекршување“ затоа што безбедноста во сообраќајот бара дисциплина и максимална одговорност.

To Top