Новости

Македонија

Почнува славењето на божикните празници: Бадник ноќ на мир и спокојство

Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божик), според христијанската традиција. Бадник се слави еден ден пред Божик и со коледарските огнови и со малите деца – коледарчиња се најавува Рождеството Христово. Бадник претставува ноќ на мирот, радоста и на сплотеноста. Овој празник е поделен на два дела – периодот од полноќ до пладне на шести јануари е Коледе, а од пладне до полноќ се слави Бадник.

Македонскиот народ со многу внимание и почит го празнува Божик, кој започнува да се слави со Бадник. Денот наспроти Божик се празнува со низа обичаи. Со традиционална бадникова посна трпеза, со желби за многу здравје, среќа и бериќет во престојната година и годинава, православните христијани ќе ги дочекаат Божикните празници, претежно во кругот на најблиските.

Домовите и куќните прагови се украсуваат со дабови гранчиња, наречени Бадникови дрвца. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик, најголемиот христијански празник.

GOLD
SN Finansii
To Top