Новости

Македонија

Проектот “Roma HEALTH Care“ – Грижа за здравјето на Ромите

Претставници на Сумнал учествуваа на состанокот во рамки на проектот “Roma HEALTH Care“ – Грижа за здравјето на Ромите. Состанокот се одржа од 1-3 март во Германија.

Главната цел на состанокот беше да се презентираат резултатите од истражувањето од вкупно 720 Роми во партнерските градови во Германија, Бугарија, Грција, Македонија, Унгарија и Романија. Резултатите од истражувањето ќе бидат презентирани во април, со што ќе се дискутира за можните решенија заедно со јавните и државните институции, како и невладините организации.

Целта на состанокот беше анализа на состојбата во областите здравствена заштита, вакцинации, сексуално образование и контрацепција, превенција и третман на дрога и зависници, како и хигиена во вклучените ромски заедници.

Врз основа на резултатите од истражувањето за првпат ќе размислиме за потребите што можат да бидат покриени од европски проекти со употреба на постојните ресурси во земјите партнери, велат од Сумнал.

Проектот Roma HEALTH Care – Грижа за здравјето на Ромите е проект ЕРАЗМУС + кој ги анализира состојбите и потребите на ромските заедници во Бугарија, Германија, Македонија, Грција, Унгарија и Романија во областа на здравството.

Evrotip
Евротип
To Top