Новости

Македонија

Протест пред Собранието против Законот за јазици

фото: radiomof.mk

Денеска пред Собранието се одржа протест заради Законот за употреба на јазиците. Учесниците рекоа дека се против решението, кое според нив ја загрозува државава и предизвикува финансиски товар за земјава. Собирот се одржа под засилено полициско обезбедување.

Граѓани ја блокираа улицата пред Собранието. Рекоа дека се собрани за да го изразат својот револт против предложеното решение.

„Од времето, имало Македонци, Турци, Власи, Роми, Албанци, Срби и останати малцинства и не можеме ние да направиме само два јазика да се официјални, затоа што ова не е бинационална држава, ова е мултиетничка држава.“

 

Граѓаните од протестот велат дека се противат и на евентуалната промена на уставното име на Република Македонија . Сметаат дека пратениците треба да го слушнат мислењето на народот  пред да носат важни одлуки.

За време на протестот околу Собранието распоредено силно полициско обезбедување.

mrt.com.mk

GOLD
GoldSlot
To Top