Новости

Македонија

Сугарески на 23 јануари во СЈО за „Траекторија“

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески потврди дека на 23 јануари годинава ќе сведочи во СЈО за случајот „Траекторија“.

„Да. На 23 јануари сум повикан во Специјалното јавно обвинтелство како претставник на државата во предметот „Траекторија““, рече Сугарески, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на наплатната рампа Сопот.

Случајот „Траекторија“ се однесува на злоупотреби поврзани со изградбата на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

GOLD
SN Finansii
To Top