Новости

Македонија

„Трансверзалец“: Доставени се информации до соодветните институции за трагичниот настан

Планинарскиот кулб „Трансверзалец“ изрази сочувство за загинатите планинари Калина Велевска и Александар Миновски. Од таму објавија дека доставиле информации до надлежните институции и дека утре клубот ќе има изјава за медиумите.

„Со жалење и неизмерна тага изразуваме сочувство за прерано изгубените животи на нашите Калина и Александар. Тие беа дел од нашата заедница и клубот и ќе им недостигаат на сите членови и планинари. Уште еднаш искрено сочувство до нивните семејства и блиски. Двајцата другари и колеги планинари ќе ни недостигаат бескрајно и секогаш ќе се сеќаваме на убавите спомени од сите наши заеднички акции. Почивајте во мир, другари“, објави „Трансверзалец“ синоќа на „Фејсбук“.

Дополнително, наведуваат од „Трансверзалец“, во врска со официјалниот извештај, клубот ги достави сите потребни информации до соодветните институции и ќе излезе со изјава в петок по завршувањето на истрагата и објавување на извештајот.

Двајцата планинари загинаа викендов на Кајмакчалан на планината Ниџе по пад во бездна. Тие биле дел од група од 50-ина планинари. Најверојатно, починале од хипотермија.

GOLD
GoldSlot
To Top