Новости

Македонија

Уапсен косовски државјанин кој неовластено снимал и правел скици од скопска касарна

Педесет и осумгодишен косовски државјанин со иницијали Х.Р. вчера бил приведен во полициската станица Карпош, откако бил затекнат во кругот на касарната „Илинден“ во Скопје.

Косовецот, како што информираат од МВР, бил приведен под сомнение за „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.

Од МВР додаваат дека по „целосно расветлување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе се преземат понатамошни дејствија“.

Инаку, на почетокот на октомври годинава, во кругот на касарната „Илинден“ беше уапсен 30-годишен британски дражјанин, исто така, поради сомневање за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.

Karmen
To Top