Новости

Македонија

Утрово облачно и топло време, со можност за врнежи од дожд – прогноза за следните 5 дена

Денес е вторник, 6 март 2018 година, 65-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:56, а ќе зајде во 17:33 часот.

Ова утро во Македонија преовладува умерено облачно и топло време, со високи утрински температури за овој период од месец март. Намалена видливост до 100м. поради магла има во Крушево.

Утринските температури по градови се следниве: Скопје, Охрид и Битола 7 степени, Тетово и Крушево 4, Прилеп 6 степени. Велес 7, Штип и Струмица 8 степени, Гевгелија 9, Берово и Кочани 5 степени.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес умерено облачно и нестабилно време со слаби и локални врнежи од дожд, ветровито и топло време со темпертури кои што се над повеќегодишниот просек за овој период од годината.. Над 2000 метри се очекуваат слаби врнежи од снег. Ќе дува доумерен засилен југоисточен и југозападен ветер кој што ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Минималните температури од 1 до 8 степени, додека пак максималните дневни температури од 7 до 18 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во среда во Македонија умерено облачно време со повремени сончеви периоди и топло време. Утринските температури од 1 до 7 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 8 односно до 19 степени. Во четврток преодна дестабилизација на времето, умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и топло време за овој период од годината, иако дневните температури ќе бидат во опаѓање. Минималните од 2 до 8 степени, додека пак максималните дневни од 5 до 16 степени. Во петок посвежо утро со утрински температури од 0 до 6 степени,а во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и температура од 8 до 19 степени. Во сабота претежно сончево и многу топло време со дневни температури кои што ќе бидат високо над повеќегодишниот просек за овој период од годината и ќе достигнат до 10 односно до 21 степени.

 

GOLD
GoldSlot
To Top