Новости

Македонија

ФОТО: Сообраќајна несреќа на Ѓавато – повеќе од час блокиран сообраќајот

Сообраќајна несреќа се случи попладнево на превојот Ѓавато поради лошите временски услови помеѓу тешко товарно возило камион и три патнички возила.

Од СВР Битола велат дека сообраќајот е во прекин од 16:10 часот, а дополнително ќе соопштат подетални информации подоцна. Оттаму потенцираат дека на Ѓавато важи забрана за тешки товарни возила.

Засега не е познато дали има повредени лица, со повеќе детали наскоро.

Од самото место наш читател ни ги испрати фотографиите.

Студирајте на БАС
To Top