Новости

Македонија

Забрана за камиони на Ѓавато и Плетвар

Според информациите на АМСМ,  од 09:10 часот е воведена забрана за тешки моторни возила на превојот Ѓавато, додека од 10:30 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила на планинскиот премин Плетвар.

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Дојранска раскрсница – Дојран од 08:00 часот е укината.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Кочани – Делчево – граничен премин Делчево и Берово – Виница – Кочани, каде за останатите возила задолжително е користење на зимската опрема.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат. Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица, информираат од АМСМ.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Karmen
To Top