Нова социјална мрежа во Македонија – Connected.mk – Шеталиште

Шеталиште

SNBroker

Македонија

Нова социјална мрежа во Македонија – Connected.mk

Со добар план, добри цели, мотивирана работа на ден 07.01.2017 стапи во функција нова онлајн платформа, социјалната мрежа Connected.mk.

„Во моментов во Македонија не постојат онлајн платформи од овој тип, па затоа решително и со напорна работа од околу година дена се потрудивме да создадеме нешто ново, нешто уникатно, но и пред се безбедно за сите идни корисници кои ќе се решат да ја користат оваа наша платформа,“ велат основачите на оваа социјална мрежа.

Создадена е од млад тим од кои двајца програмери воедно основачи и водачи на овој проект, Виктор Гребенароски од Прилеп (www.connected.mk/viktor99) и Белмин Кицара од Велес (www.connected.mk/belminkicara), како и двајца дизајнери кои го осмислија дизајнот на самата платформа.

„Оваа платформа ви овозможува да се поврзете со вашите најблиски од било кој крај на светот, но и воедно да споделите некоја случка, да го искажете својот став, да споделите некоја мисла, да ги споделите своите радосни моменти и сето тоа е достапно на нашата платформа. Ве очекуваме да не посетите во скоро време,“ порачуваат од тимот на Connected.mk.

Karmen
Горе
Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu