ВИДЕО: Бадникова поворка низ центарот на Прилеп - Шеталиште

Новости

Прилеп инфо

ВИДЕО: Бадникова поворка низ центарот на Прилеп

Повеќе од стотина дечиња во придружба на своите родители, баби и дедовци, утрово беа дел од Бадниковата поворка која помина во центарот на градот пеејќи ја бадниковата песна „Вечниот Бог“ и го навестија Христовото раѓање – Божик.

Дечињата ги симболизираат ангелите, кои ја донеле радосната вест за Христовото раѓање и пееле: Мир на земјата, а меѓу луѓето добра волја“.

Ваквиот начин на празнување на Бадник претставува една возобновена древна традиција за одбележување на овој празник, а преку којa се негува традицијата и културата.

To Top