Новости

Прилеп инфо

ВИДЕО: Заврши второто Меѓународно џип рели „Maceodnian Trophy“ во Прилеп

Заврши второто по ред Меѓународно рели со џипови насловено „Macedonian Trophy“ што се одржа викендов на полигонот за екстремни спортови во прилепско Старо Лагово во организација на клубот „Офф Роуд Прилеп“.

Присуствуваа повеќе од над 200 посетители од сите краишта на Македонија како и надвор од неа, а го посетија и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и за транспорт и врски Горан Сугарески.

Љубен Динев и Димитар Нејков, екипажот од Бугарија е победник во најтешката и најекстремната „трофи“  категорија со што го повторија минатогодишното натпреварување, единствено од ваков вид во Македонија.

Бугарските натпреварувачи ги освоија и второто, Пламен Исајев и Кирил Киров, и третото место кое им припадна на Јордан Стајков и Стефан Иванов. Во категоријата „адвенчр“ годинашни победници се Ивица Јакимоски и Јован Мрда од Македонија.

Возачот и победник на годфинашново „Мacedonian trophy“ Љубен Динев рече дека е задоволен од одличните резултати, но и од организацијата и високото ниво на натпреварувањето.

-Со најголемо задовоство учествуваме на македонското трофи. Веќе нивото на организација е многу високо, а и стандардите се меѓународни. Сето ова го доближува натпреварот до балканско трофи и се ќе направиме да влезе и да се бодува во меѓународните натпреварувања., рече Динев.

Панчо Чупаркоски, претседател на клубот „Офф роуд Прилеп“, организатор на македонското трофи натпреварување со џипови вели дека е задоволен како поминаа двта натпреварувачки дена.

-Годинашново македонско трофи натпреварување помина со многу поголем број учесници, но и бројна љубопитна публика. Имавме во двата дена околу 200 натпреварувачи од Бугарија, Грција, Србија и Македонија. Вчера се возеа 30 километри од полигонот во Старо Лагово преку селото Селце и месноста Шаторов Камен. Денеска натпреварувачите во трите категории (трофи, адвенчр и туристичката) возеа по поставената траса на полигонот од околу 4 километри. Задоволство беше што имаше голем број заинтересирани да ги следат натпреварите, многу подобра организација со високи стандарди во споредба со лани. Правилата и условите за натпреварување беа според европските стандарди. Желба и план е ова да прерасне во традиција и ова трофи да се бодува во некој од меѓународните купови, изјави Чупаркоски.

Македонското трофи меѓународно натпреварување се одржуваше два дена, вчера се возеа 30-те километри во околината на Прилеп, а денеска по специјално подготвена траса на пологонот за екстремни спортови кај прилепско Старо Лагово.

Натпреварувањето е поддржано и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија и според претставникот Живка Цветкоска Андоновска, авантурисичкиот туризам привлекува голем број посетители и е сега светски тренд што е одлично за Македонија.

Karmen
To Top