Новости

Прилеп инфо

Во Прилеп од утре протести против промената на државното име и против двојазичност

Прилепчани во петок 09.02.2018 година со почеток од 18:00 часот, пред камената бина на плоштадот “Александрија”, ќе излезат на протест против промената на државното име, против двојазичност и ќе побараат ослободување на притворените за настаните на 27 април.

“Државата не повикува, ранета ни е и бара помош од нас да го крениме гласот против сето зло кое се надвиснало над неа”, стои во прогласот на Македонското патриотско здружение “Пере Тошев”, чиј претседател е еден од притворените.

На настанот во петок пред прилепчани ќе се обратат претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, професорката Виолета Ачкоска, поетот Ефтим Клетников и аналитичарот Сотир Костов.

To Top