Новости

Прилеп инфо

Во недела Божиќен ручек за 500 деца во Прилеп

Во недела, на Божик, по 12 пат, Детската амбасада за сите деца во светот го организира традиционалниот Божикен ручек за децата од цела Македонија, соопштено e на денешната прес-конференција во Прилеп.

Според Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на оваа невладина организација в недела, на божикниот ручек ќе бидат околу 500 деца.

– Околу 500 деца од Прилеп, Скопје, Ресен, Крушево, Демир Капија, Струмица и од другите градови ќе седнат на иста маса на божикниот ручек. Ќе се дружат и заедно ќе го прослават Христовото раѓање-Божик децата без родители, децата на загинати припадници на безбедносните сили, децата со посебни потреби, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Поканети се деца од другите верски заедници: од исламската, католичката, еврејската и евангелско- методистичката заедница. Божикниот ручек ќе го благослови владиката Петар, а од прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, децата ќе добијат новогодишни пакетчиња, рече Северкоска Стојаноски.

Оваа година, по 9-ти пат на оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува престижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ.

За збогатување на свеченоста ќе се погрижат членовите на Академијата за Естрадно пеење „Ѕвездички“ од Прилеп, a како и секој Божиќ, за уште повесела забава на овој Божиќен Ручек, ќе настапи македонскиот идол Христијан Тодороски. И оваа година, покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, ќе има и доделување на плакета за пријател на децата.

Имено и порталот Шеталиште е дел од медиумските покровители на овој настан.

GOLD
To Top