Новости

Прилеп инфо

Во недела ќе се одржи традиционалниот марш по повод Февруарскиот поход

По повод 74 години од успешно извршениот Февруарски поход, oпштинската организација на Сојуз на борци на Македонија – Прилеп, во соработка со локалната самоуправа на Општина Прилеп, го организираат традиционалниот марш по врвиците на овој поход. Ова го договорија, претставници на Сојузот на борци со градоначалникот Илија Јованоски, на денешната средба што се одржа во неговиот кабинет.

Маршот ќе биде реализиран во недела, 04.03.2018 година, на релација Меморијален музеј „11.Октомври“ (Участок) – Шаторов камен – Петрови ниви – Камена фигура „Момата“ – Домаќински чешми – манастир „Св.Димитрија“ с.Селце – Прилеп.

На маршот ќе учествуваат членови од планинарските друштва од Прилеп и гости од другите градови во државата.

Организаторите, прилепскиот Сојуз на борци и локалната самоуправа, упатуваат покана до сите заинтересирани граѓани да земат учество на маршот.

GOLD
GoldSlot
To Top