Новости

Прилеп инфо

Во прилепско с.Мало Коњари изгореа трактор, жито и 10 прасиња

Пред два дена во селото Мало Коњари, прилепско, од засега непознати причини настанал пожар во помошните простории во дворот од куќа сопственост на З.Б.

Од настаниот пожар изгорен е добиток (10 прасиња), 4 тони жито, трактор, опрема за заварување, култиватор, циркулар, капка по капка систем за околу 3.000 м2, шпедитер, моторчиња за вода и инвентар. Пожарот е локализиран во 19,45 ласот од месното население и екипа на Противпожарна единица Прилеп. Увид на лице место извршила екипа од полициската станица во Прилеп, соопшти МВР.

To Top