Новости

Прилеп инфо

Вработените од прилепски „Еурокомпозит“ протестираат за плати

Вработените во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ денеска почнаа со протест и едночасовна блокада на булеварот „Гоце Делчев“ во Центарот на Прилеп барајќи да добијат нето плата и исплата на заостанатите плати и придонеси.

Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот во компанијата барањата на вработените се непроменети.

– Нашите барања остануваат исти: да се почне со исплата на бруто плата и исплатата на заостанатите плати и придонесите од 2012 година. Ние сме државна фирма и бараме средба со премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев за да се реши нашата состојба која со години останува непроменета – вели Богданоски.

Вработените сметаат дека никој со години не сака да се решат состојбите.

– Единствено владата може да го реши овој проблем еднаш засекогаш. Повеќето вработени се со околу 60 години старост. Затоа бараме конечно да се решат проблемите меѓу кои ветените пакети со отпремнини за технолошкиот вишок. Проблем имаат и пензионерите и поради неплатените петгодишни придонеси земаат помала пензија – вели Пеце Велјаноски, член на синдикалниот одбор.

Вработените најавуваат дека секој работен ден ќе протестираат додека не им се слушне гласот. Директорот на загубарот „Еурокомпозит“ за денеска најави прес конференција.

Во прилепски „Еурокомпозит се околу 260 врабоени.

To Top