Новости

Прилеп инфо

Грк пронајден мртов во возило на паркинг во Прилеп

На 11.10.2017 година околу 23,50 часот во Прилеп било пријавено дека на паркинг простор во населбата Точила во патничко моторно возило “Нисан Микра“ со грчки национални ознаки, на предното седиште бил пронајден починат В.М.(49) од Р.Грција, информираат од МВР. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без знаци на насилство. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Karmen
To Top