Новости

Прилеп инфо

Докторка од Прилеп издавала метадон на рецепти и ги наплатувала

СВР Битола поднесе кривична пријава против M.Н. (57) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

М.Н., како како доктор по општа медицина и сопственик на правното лице ПЗУ „Медиснај“, подолг временски период издавала рецепти за набавување на метадон на лица, при што за секое издавање на рецепти им наплаќала од 100 до 200 денари. Во неколку наврати рецептите ги издавала и од својот дом.- стои во полицискиот билтен на МВР.

To Top