Новости

Прилеп инфо

Заев од Прилеп вети поголеми субвенции за тутунопроизводителите и нов закон за тутун

Претседателот на СДСМ и премиер на РМ, Зоран Заев, на синоќешниот митинг во Прилеп вети поголеми субвенции за тутунопроизводителите, кои ќе бидат поделени во три класи, како и нов закон за тутун.

„Од тутунот живеат огромен број семејства во Македонија, а посебно овде во Прилеп. Во 2018 година ќе го донесеме новиот закон за тутун. Конечно, ќе има три класи за тутун. Првата класа ќе биде субвенционирана со 80 денари, втората со 70 денари, а третата со 60 денари.

За да ги мотивираме и поттикнеме тутунопроизводителите да вадат поголем квалитет. Вадејќи поголем квалитет, ќе имаат поголеми приходи и примања од тутунот. Ќе одиме со стимулативни политики во земјоделството, истовремено во сите други земјоделски култури сѐ што ќе значи зголемување поголемо од 10 отсто ќе ги добие субвенциите, ќе ги добие субвенциите за тоа што е зголемено 10 отсто и 10 отсто ќе добие награда“, рече Заев на митингот во Прилеп.

Ајде овде од Прилеп, рече Заев, да го распламтиме огнот на слободата, по сите села и градови, во цела Македонија.

„Прилеп сака промени, затоа Прилеп се прилепува на слободата, Прилеп се прилепува на животот. За Прилеп, за животот во Македонија за сите“, нагласи Заев.

Karmen
To Top