Новости

Прилеп инфо

Кривична за прилепски сопственик на кафе бар кој точел алкохол на малолетници

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против едно правно лице и против З.С.(54) од Прилеп поради постоење  основи на сомнение за сторено кривично дело  „точење алкохолни пијалоци на малолетници “, казниво по член 204 од Кривичниот законик на Република Македонија стои во соопштението на МВР.

На 28.01.2018 година во кафе бар сопственост З.С., при вршење на акциска контрола за точење на алкохол на малолетници, било затекнато малолетно лице на кое му било точен алкохол.

GOLD
GoldSlot
To Top