Новости

Прилеп инфо

Неделковски: Тутунарите да почекаат со новите договори, се очекуваат поголеми откупни цени

Денеска пред Тутунскиот Комбинат – Прилеп се одржа прес конференција од Сојузот на тутунски здруженија во Прилеп.

Поголеми субвенции за тутунарите во 2017 година.

– Како Претседател на сојузот на тутунски здруженија во Р.Македонија сакам да изразам благодарност до владата што излегоја во пресрет и на тутунарите им овозможија поголеми субвенции. По 80 денари ќе бидат исплатени за прва, по 70 за втора и 60 денари за трета класа тутун за 2017 година. Околу 9 милиони килограми тутун се откупени во прва класа, 13 милиони во втора, 1,2 милиони во трета и 200 во четврта класа – рече Неделковски.

Покачувањата се бараат да бидат по 30 денари по килограм.

-Има време за договорите. Се надеваме дека ќе има повисоки цена. Покачувањата бараме да бидат по 30 денари по килограм за секоја класа и воедно да има приближување на разликата на цените – посочи претседателот на Сојузот.

Инаку, има најави дека интересот за тутунопроизводство во следнава реколта ќе биде зголемен затоа што има нови откупувачи и од Сојузот очекуваат дека ќе има два до три милиони килограми повеќе производство на тутун од минатата сезона.

GOLD
SN Finansii
To Top