Новости

Прилеп инфо

Новогодишни пакетчиња и вредносни ваучери за децата на загинатите прилепски бранители

Во пресрет на Новата 2018 година, традиционално, по 15. пат, Здружението на резервни воени обврзници (ЗРВО) учесници во настаните 2001-2002 организираше празнично дружење со семејствата на загинатите прилепски бранители во воениот конфликт од 2001 година.

На децата од загинатите прилепски бранители, како и на децата на членовите на ЗРВО, Општина Прилеп им додели новогодишни пакетчиња,што им ги предаде неизбежниот Дедо Мраз.

Честитајќи им ги новогодишните и божикните празници, градоначалникот Илија Јованоски ја искажа подготвеноста на прилепската локална самоуправа, во рамките на своите можности и надлежности и во иднина да им помага на семејствата на загинатите бранители.

Во име на членовите на ЗРВО, претседателот на ЗРВО, Рубин Секулоски на семејствата на прилепските бранители им ја честиташе Новата 2018 година, со желби за добро здравје, успех и среќа и им посака настаните од 2001 година никогаш повеќе да не се повторат.

Во овие предновогодишни дружења со хумана порака, вреди да се истакне и дека на децата на 10. загинати бранители,( ученици и средношколци) „Комерцијална банка“ АД Скопје им додели ваучери во вредност од по 5.000 денари.

 

GOLD
To Top