Новости

Прилеп инфо

Од утре јавен превоз за учениците од населбата „Тризла“

Околу 110 деца од месноста „Три багреми“ и улиците „Моравска“ и „Дабничка“ во населбата „Тризла“ од утре ќе имаат бесплатен училишен превоз. Општина Прилеп, поточно Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање ЈП (ПУП) воведе посебена линија за овие ученици.

„Од 06:30ч. изутрината за учениците од прва смена, па од 12:30ч. за учениците од попладневната смена организиран е бесплатен превоз во два правца. Навечер по часовите од 18:30ч. учениците повторно организирано ќе бидат вратени назад. Опфатени се сите ученици од прво до осмо одделение што учат во основното училиште ‘Добре Јованоски“, изјави Славе Петрески, директор на ЈП ПУП.

Со ова се остварува уште едно предизборно ветувања на градоначалникот Илија Јованоски велат од Општина Прилеп.

To Top