Новости

Прилеп инфо

Осмомартовски концерт на класична музика во Прилеп

Утре на 06.03.2018 год со почеток во 18.30 часот Музичкото училиште ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ ќе одржи свој целовечерен осмомартовски концерт, утре, вторник (06.03.2018) во центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Учениците од ова училиште по повод денот на жената „8-Ми Март“ подготвија со своите ментори дваесет и пет композиции од светските композитори на класична музика.

Љубителите на класичната музика ќе може да уживаат во овие прекрасни изведби на младите музички таленти од Прилеп.

Evrotip
Евротип
To Top