Новости

Прилеп инфо

Падна бетонски мост во прилепско и поради одрони затворени патни правци

Поради отстранување одрони во близина на селото Истибања, сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин во двата правци.

Сообраќајот на локалниот пат меѓу селата Црнилиште и Стровје (Прилеп) е во прекин поради паднат бетонски мост.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на патниот правец Р2205 Бунец – Леуново – Никифорово се одвива отежнато поради снег на коловозот. Екипите на ЈП „Македонија пат“ работат на нормализирање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот.

Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Павлешенци и Кула, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Попова Шапка, Стража, Маврово, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека.

Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на патниот правец село Шипковица – Попова Шапка.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

To Top