Новости

Прилеп инфо

Прилепски реонски инструктор од „Тутунски Комбинат“ заработи кривична поради затајување на пари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.Д. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавениот, како реонски инструктор во „Тутунски Комбинат“ АД Прилеп, изготвувал фиктивни  испратници за распределба  и задолжување на репроматеријали, поради што на кооперантите им биле пресметани и задржани парични средства повеќе од реално примените. На овој начин, пријавениот на штета на кооперантите се стекнал со противправна имотна корист од 36.287 денари, од коишто, потоа им вратил 28.683 денари.

GOLD
To Top