Новости

Прилеп инфо

Прилепчанец ги оштетил Македонски пошти за 777.000 денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Г. (48) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

Во периодот од 5.08.2016 до 21.09.2017 година, пријавениот како вработен во АД „Македонски пошти”-подружница Прилеп, при извршување на редовни месечни контроли во поштата во прилепското село Долнени, изготвувал записници со невистинита содржина, со што овозможил Н.П. (28)  и В.П. (27), двајцата од  село Долнени, да се стекнат со противправна имотна корист  од 777.108 денари на штета на АД “Македонски Пошти“.

GOLD
To Top