Новости

Прилеп инфо

Продолжува протестот на „Еурокомпозит“ – денеска средба и со вицепремиерот Анѓушев

Синдикатот на прилепскиот синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“, заедно со раководството на фирмата, претставници на гранковиот синдикат СИЕР, денеска попладне треба да се сретнат со вицепремиерот Кочо Анѓушев, најавија вработените кои претпладнето го продолжија протестот блокирајќи го излезот на Прилеп, по стариот пат за Битола.

Според претседателот на синдикатот Роберт Богданоски, по вчерашниот протест, тие биле повикани на средба со визепремиерот Анѓушев денеска во 15 часот во Скопје.

– Од кабинетот на потпретседателот на Владата Кочо Анѓушев, задолжен за економски прашања не повикаа денеска на средба на која треба да бидат и раководството на компанијата, од гранковиот синдикат СИЕР и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Што ќе се случува на средбата, не знаеме, но ние нема да остапиме од нашите барања. Доколку се успее да се најде заеднички јазик, можеби ќе продолжиме со работа, а ако не се постигне тоа, протестите ќе ги продолжиме порадикално, вели Богданоски.

Од синдикатот напоменуваат дека ова им е четврта средба со Анѓушев, а барањата на вработените остануваат исти: исплата на бруто плата и на заостанатите плати и придонеси од 2012 година.

Студирајте на БАС
To Top