Новости

Прилеп инфо

СОУ „Ѓорче Петров“ со Ротаракт Клуб од Прилеп во акција против кардиоваскуларните заболувања

Денеска учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ заедно со своите ментори на стручните наставници Наташа Ванчева и Ленче Д. Јованоска во соработка со клубот Ротаракт – Прилеп организираа акција под мотото „Сите заедно во борба против кардиоваскуларните заболувања“.

Учениците во денешната акција спроведена во просториите на училиштето мереа крвен притисок, шеќер во крвта и делеа брошури со здраствено воспитен карактер.

Имено Ротаракт клубот од Прилеп донираа три апарати за мерење на крвен притисок како и еден апарат за мерење на шеќер во крвта.

GOLD
To Top