Новости

Прилеп инфо

Сопственикот на запалениот прилепски кафе бар: Ми беше запален поради рекет и изнуда на пари

Сопственикот на опожарениот „the gallery house pub“ во Прилеп, Бисерко Тркља, тврди дека лицето кое му го запалило објектот претходно барало рекет од него.

На пресконференција која ја одржа вчера, пред изгорениот локал, тој откри детали за причините поради кои беше запален локалот, велејќи дека момчето инсистирало на средба лично со него пред нова година, но тој одбивал да се сретне со него.

-Лицето тогашми се претставува кој е,и ми вика дека од денеска морам за 20 до 25 души, секој ден, да им наместам маса долу да пијат без пари и да јадат, дека се ќе бидена мој трошок, дека чека дозвола од важни луѓе да го рекетира цел град, и дека од денеска нема ништо да биди исто – изјави сопственикот Бисерко Тркља пред новинарите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Видео: ИнфоКопмас

Студирајте на БАС
To Top