Новости

Прилеп инфо

Со ждрепка ќе се утврди редоследот на групите за светиниколскиот хуманитарен турнир

В недела во просториите на Општина Прилеп (нова зграда) со ждрепка ќе се утврди редоследот на групите и екипите за учество во турнирот во мал фудбал „Свети Никола“.  

Турнирот е дел од настаните кои што се одржуваат по повод чествувањата за патрониот празник на Прилеп, „Свети Никола“.

Организатори на турнирот се Општина Прилеп и здружението „Локален спортски сојуз-Прилеп“. 

Средствата од турнирот ќе бидат наменети за опремување на новоформиран Центар за деца со церебрална парализа. 

To Top